Булеварот „11 Октомври“ во Скопје затворен за сообраќај поради снимање филм

На 31 јули и 1 август 2025 година, во периодот од 20:00 до 04:00 часот, булеварот „11 Октомври“ во Скопје ќе биде целосно затворен за сообраќај во двете насоки, на потегот од крстосницата со улица „Даме Груев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“.

Причината за затворањето е снимање на филм, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим. Сообраќајот ќе биде пренасочуван преку околните улици.

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници за време на снимањето, за да се обезбеди безбедност и непречено одвивање на сообраќајот.