Бујар Османи денес ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир, истакнувајќи дека одлуката е резултат на бројни консултации и искрено преиспитување.
„Ова не е политичка функција, ова е лична одговорност кон моите соседи, кон иднината на нашите деца. Сакам Чаир да биде дом во кој достоинството ќе биде секојдневие“, изјави Османи.
Тој додаде дека на Чаир му се потребни „вистински, длабоки и човечки промени“, со јасна порака дека не бега од предизвици:
„Како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан и нивните другарчиња.“
Османи вети отворена и достапна локална власт, професионализам и посветена работа, со цел да се врати достоинството на Чаир и граѓаните конечно да добијат третман каков што заслужуваат.
Со оваа кандидатура, политичката сцена во Чаир добива нова димензија – лична, емотивна и исполнета со силна волја за промена.
Фото: Фејсбук на Бујар Османи