Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска му помогнал на повреден велосипедист по сообраќајна несреќа.
Инцидентот се случил попладнето на раскрсницата кај Мавровка, кога автомобил удрил во велосипедистот. Османи веднаш притрчал да му помогне на повредениот и останал со него до пристигнувањето на медицинската екипа.
Според очевидци, неговата реакција била навремена и хумана, а граѓаните го поздравиле гестот.