Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, изјави дека нема „план Б“ освен Чаир и го повика својот опонент, Изет Меџити, да се обврзе со изјава кај нотар или законски дека нема да ја напушти позицијата градоначалник за некоја друга функција.
Османи ги отфрли обвинувањата дека неговата кандидатура е само начин да добие владина позиција и порача дека тој е подготвен да потпише дека нема да ја напушти градоначалничката функција, без разлика на каква било понуда, домашна или меѓународна.
Османи нагласи дека најголемата разлика помеѓу него и Меџити е во искрениот пристап кон Чаир.
„За разлика од мојот политички опонент, за кого Чаир е резервен план. Не се трга од владата со идејата: ако победам добро, ако не победам се враќам во владата“, рече Османи.
Тој посочи дека неговиот опонент земал фиктивна адреса во Чаир, додека тој целиот свој професионален и политички капитал го вложил во општината каде што пораснал и живее.