Бујар Османи претстави пакет мерки за поддршка на жените во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, го претстави пакетот мерки „Жените ја движат промената“, насочен кон зајакнување на жените во општината.

​Како што истакна Османи, основата на овој пакет ќе биде Фондацијата „Раката на Чаир“, која ќе обезбедува финансиска и социјална помош за самохрани мајки, жени од ранливи категории и оние кои биле заборавени од општината.

​Клучни мерки за економско зајакнување и поддршка

​Пакетот „Жените ја движат промената“ вклучува:

​Фондација „Раката на Чаир“ за директна помош.

​Центар за занаетчиска обука со сертификати и професионални квалификации.

​Финансиска поддршка за микро-бизниси и почетна помош за жени претприемачки.

​Организација на четири годишни саеми на ракотворби и традиционални производи.

​Центар и Клуб за жените на Чаир за менторство и обуки.

​Курсеви и микро-грантови за јазици, правна и репродуктивна едукација, финансиска писменост и вработување.

​„Сакам жената од Чаир да биде економски независна, општествено влијателна и политички гласна. Сакам општина што нема да се плаши од женската моќ“, порача Османи, нагласувајќи дека промената во Чаир ќе ја водат токму жените.