​Бујар Османи: Ќе донесам 15 милиони евра од ЕУ фондови за Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Национална алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, објави дека негова главна цел е да го направи Чаир „европски Чаир“ преку искористување на европските фондови.

​Османи истакна дека Европската Унија нуди милијарди евра за дигитално опремени училишта, паркови, чиста чаршија, култура, младински центри и енергетска ефикасност.

​За да ги искористи овие средства, Османи најави три конкретни чекори:

  • ​Итно отворање Канцеларија за ЕУ во Чаир.
  • ​Формирање тим од експерти за ИПА фондови, кој, како што вели, веќе е формиран.
  • ​Донесување 15 милиони евра неповратни средства во првиот мандат.

​Тој заклучи дека Чаир ќе стане европски со помош на европски пари за граѓаните.