Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи кои вечерва ќе присуствуваат на натпреварот меѓу Македонија и Белгија, кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, дека вратите ќе бидат отворени од 18:45 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот да пристигнат навреме, да избегнат метеж и навреме да ги заземат своите места. Да покажеме заедништво и поддршка за нашите репрезентативци – како никогаш досега!
Контролата на влезовите ќе ја вршат лица со жолти маички, кои ќе ги скенираат билетите. За побрза и полесна процедура, подгответе ги билетите однапред.
Важно е да се почитуваат правилата наведени на самиот билет – внесување на одредени предмети е строго забрането. Апелираме до сите присутни да ги следат безбедносните упатства со цел заштита на сопствената и заедничката безбедност.
Не заборавајте да понесете знаме или шал во боите на Македонија – заедно да ја обоиме арената во црвено и жолто и гласно да навиваме за нашата репрезентација!
Македонија игра – Македонија гори!