Новата современа вежбалница во Паркот на франкофонијата во Општина Центар, која беше изградена на барање на жителите, утрово е затекната уништена и вандализирана.
Иако не била целосно завршена (се чекала специјална тревна подлога), вежбалницата била нападната преку ноќ:
- Непознати лица се обиделе да ги запалат реквизитите.
- Вреќата за бокс е исечена со нож и целосно уништена.
- Покрај вежбалницата, искршено е и фудбалското игралиште во паркот.
Случајот е пријавен во МВР.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, остро реагираше на инцидентот.
„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да ги чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски.
Новата вежбалница се состои од 17 справи и беше наменета за подобрување на условите за спорт и рекреација на жителите.