Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска јасно стави до знаење дека САД немаат намера да ја признаат палестинската држава. На прес-конференција, тој изјави дека во моментот не постојат услови за таков потег, укажувајќи на недостаток на функционална влада во палестинските територии.
„Немаме планови да ја признаеме палестинската држава. Не знам што навистина би значело да се признае палестинска држава со оглед на отсуството на функционална влада таму“, изјави Венс.
Тој додаде дека претседателот Доналд Трамп е многу јасен во однос на својата надворешнополитичка агенда, особено кога станува збор за Блискиот Исток.
„Трамп е многу јасен во врска со своите цели и што сака да постигне на Блискиот Исток. Ќе продолжиме да го следиме тој правец“, изјави потпретседателот.
Изјавата доаѓа во период на засилени дипломатски тензии околу израелско-палестинскиот конфликт, во кој САД традиционално имаат силно влијание.