Вечерва музички хепенинг во Центар: „Нешто што ќе остане“

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи големиот музички настан „Нешто што ќе остане“. На концертот ќе настапат бројни познати македонски изведувачи: Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.

​Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува сите граѓани да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.

​„Вечерва нѐ очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти“, изјави Герасимовски.

​Концертот е бесплатен и е организиран од Општина Центар, која, според градоначалникот, ќе продолжи да вложува во македонската музика и култура.