Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи од ВЛЕН, денеска одби да одговара на прашањата на новинарите поставени на македонски јазик.
На настан по повод промоцијата на новите регистарски таблички за службените возила, Фетаи, кој е дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, даде изјава, по што новинарите му поставија прашања.
На сите прашања, Фетаи одговараше на албански јазик. Кога новинарите го замолија да одговори на македонски, тој изјави дека не може и понуди да одговори само на албански.
На настанот беа присутни и директорот на СОЗР, Ивица Томовски, како и директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Даниел Апостолски, членови на ВМРО-ДПМНЕ.