Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави воведување на пет нови авиолинии до европски градови.
Од март следната година, од Скопје ќе може да се лета до:
- Наполи (Италија)
- Будимпешта (Унгарија)
Од Охрид ќе бидат воведени линии до:
- Катовице (Полска)
- Вроцлав (Полска)
- Милано (Италија)
Поради проширувањето, „Визер“ ќе додаде шести авион во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со современи авиони „Ербас“ до крајот на годинава.
Од Владата информираа дека покрај овие линии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.