Движењето Слободни и независни го објави Владимир Куновски за свој кандидат за градоначалник на Град Скопје. Како дел од „Визија 2050“, Куновски ветува дека ќе се бори Скопје да престане да биде „загадена и валкана фавела“ и да стане град за достоинствен живот.
Движењето ќе учествува и на локалните избори во Општина Чаир со кандидатот Ицо Колевски. Ќе имаат и советнички листи во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Центар.
Програмата на Куновски се фокусира на решавање на две „жешки точки“: загадувањето од ОХИС и јаловината од Југохром кај Рашче.
Движењето ја предлага Платформата 3 + 1 за решавање на урбанистичкиот хаос и загадувањето:
- Враќање на Заводот за Урбанизам со сите ингеренции.
- Месни заедници како основа за одлучување на граѓаните.
- Нова територијална поделба за финансиска самостојност на општините
Движењето Слободни и независни, кое е составено од активисти од граѓански здруженија, најави поддршка и за неколку независни листи во други општини, како што се Струмица, Ново Село, Босилово, Карпош и Прилеп.