Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го разреши Дмитриј Козак од должноста заменик-шеф на руската претседателска администрација. Причината за овој потег не е наведена во декретот, но од Кремљ претходно беше соопштено дека Козак поднел оставка.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Козак поднел оставка на сопствено барање.
Руските медиуми јавуваат дека Козак разгледува можности за влез во бизнис секторот.
Дмитриј Козак е долгогодишен соработник на Путин, уште од 1990-те години, кога заедно работеа во администрацијата на Санкт Петербург. Тој одигра клучна улога во надгледувањето на организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.