​ВЛЕН го претстави Даут Мемиши како кандидат за градоначалник на Теарце

Лидерот на ВЛЕН, Билал Касами, денеска се сретна со жителите на селото Слатино, каде што го претстави Даут Мемиши како кандидат за градоначалник на Општина Теарце на претстојните избори.

​На средбата, која Касами ја опиша како „топла и братска“, се разговарало за предизвиците и потребите на жителите, како и за визијата за развој на општината.

​Касами истакна дека Даут Мемиши е родум од Слатино и дека е „чест да се нагласи дека синот на ова село ќе биде наш кандидат“. Тој го опиша Мемиши како личност која „ја претставува енергијата, искреноста и решеноста да се унапреди Теарце“.

​„Заедно со граѓаните, со ВЛЕН и со чесни луѓе како Даут, градиме нова иднина. Ова е моментот за промени, а оваа промена доаѓа од силата на луѓето, од гласот на секое село и секој град“, напиша Касами во својата објава.