ВЛЕН: ДУИ и Левица се здружија за да ја спречат победата на Менди Ќира во Струга

Коалицијата „Влен“ денеска ја обвини ДУИ дека се здружила со Левица за да ја спречи победата на нивниот кандидат за градоначалник, Менди Ќира.

​Според „Влен“, кандидатурата на Јована Мојсовска од Левица во Струга е дел од „срамна зделка“ со која ДУИ се обидува да ја задржи власта.

​„Ова не е прв пат ДУИ да се ценка со Левица: од Скопје и Велес, до споменикот на Андон Лазов Ќосето во средината на главниот град, секој пат кога граѓаните ја платиле цената за овие валкани зделки“, се наведува во соопштението.

​Од „Влен“ порачуваат дека Струга нема да биде жртва на овие политички договори и дека на 19 октомври, граѓаните ќе го имаат последниот збор.

​„Струга не е на продажба, Струга е ослободена. Со нивниот глас, ќе се затвори едно поглавје и ќе се отвори нова, чиста и чесна ера, со Менди Ќира“, стои во соопштението.