Коалицијата ВЛЕН (Вреди) прогласи убедлива победа и порача дека локалните избори завршиле како „политички суд“ против Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), која, според нив, 23 години го држела албанскиот народ како заложник со лаги и измами. ВЛЕН смета дека ДУИ е „избришана од политичката карта“ и дека станала „мала структура, без поддршка и без политички легитимитет“.
„Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено. Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
Коалицијата ги наброја своите победи во двата круга, истакнувајќи дека тие не се случајност, туку „отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика“:
- Прв круг: Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце.
- Втор круг: Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.
„Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува“, посочуваат од ВЛЕН.
Коалицијата потенцира дека ова гласање означува крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика. ВЛЕН најави дека новиот резултат го чита како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот.
„Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, завршуваат во соопштението.