​ВЛЕН: Крај на ерата на кражба и корупција

Политичката коалиција „ВЛЕН“ преку соопштение упати остри критики кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), тврдејќи дека тие со години ги штителе криминалците и крадците, а таа ера завршува.

​„ВЛЕН“ нагласува дека е преземен конкретен чекор во борбата против корупцијата, со назначувањето на вицепремиерот Арбен Фетаи на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Според нив, ова е првпат Албанци да раководат со механизам кој им го одзема имотот на корумпираните.

​„Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ‘ВЛЕН’, им го конфискува имотот“, се наведува во соопштението.

​Коалицијата, исто така, одговара на обвинувањата на ДУИ за „српски свет“, тврдејќи дека единствениот свет на ДУИ е оној на „корупцијата и нередот“. „ВЛЕН“ додава дека никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го загрозуваат евроатлантскиот пат на земјата. Тие го цитираат извештајот на Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан како сериозно предупредување за ДУИ.

​На крајот, „ВЛЕН“ порачува дека ДУИ „врескаат за власт“ и бараат начин да избегаат од корупцијата, додека тие дејствуваат за граѓаните и се борат да го вратат украденото богатство.