ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Мојсоска се лицемерни и ги злоупотребуваат партиските пари

На прес-конференција, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Левица и пратеничката Јована Мојсоска за лицемерие и злоупотреба на партиските финансии.

​„Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува“, рече Манасиевски, тврдејќи дека партијата проповеда чесност и скромност, но зад камерите покажуваат друго лице.

​Според информациите што ВМРО-ДПМНЕ ги добиле од „свиркачи“ од Левица, Мојсоска инкасирала значителни суми пари од партиската сметка. Како примери ги наведе следните исплати:

  • ​123.000 денари на 26.04.2024.
  • ​96.862 денари на 03.02.2023.
  • ​Трипати по 54.000 денари во јуни и јули 2025 година, додека е пратеник.

​Манасиевски праша дали пратеничката плата не е доволна и дали е лицемерно да се претставувате како аскети, а истовремено да ја „цедите“ сопствената партија.