ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителот Коцевски е кукла на СДС, ја уништува довербата во правосудството

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција го обвини главниот обвинител Љубомир Коцевски дека е целосно под контрола на СДСМ, и дека со тоа правосудниот систем е заробен и девалвиран.

„Главниот обвинител Коцевски е кукла во рацете на СДС. Тој сам си ја избра таа улога кога реши да не поднесе оставка по изгласаната интерпелација, туку чекаше спас од владејачкото мнозинство во Собранието“, изјави Петрушевски.

Според него, со одбивањето да се повлече, Коцевски свесно се позиционирал како заштитник на криминалите на СДСМ, а резултат на тоа е, како што нагласи, фактот што веќе година ипол нема завршен случај против функционери од претходната власт.

„Станува јасно зошто немаме завршен ниту еден предмет против СДС – затоа што обвинителството е под партиска команда“, додаде тој.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ваквата состојба ѝ нанесува огромна штета на правдата и интегритетот на институциите, и бара Коцевски да си поднесе оставка, оценувајќи дека неговото останување на функцијата ја уништува секоја доверба во правосудниот систем.