ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлука на судот за докторката од Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што ја нарекуваат, скандалозната одлука на судот во случајот со докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија. Според партијата, судот и обвинителството работат под „диктат на СДС и ДУИ“, а оваа пресуда е доказ за тоа.

​ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Пешевска и неколку други лица од Онкологија биле обвинети за несовесно лекување пациенти, дело за кое е предвидена затворска казна до три години.

​На рочиштето, Пешевска изјавила дека не е сигурна дека таа лично ја продолжила терапијата за седумте пациенти за кои е обвинета. Таа објаснила дека нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер за да може пациентите побрзо да ја добијат терапијата и да не чекаат.

​И покрај тоа што Пешевска признала вина, судот ѝ изрекол условна казна од две години. Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, значи дека таа е слободна и дека само не смее да стори друго кривично дело во наредните две години.

​Од партијата сметаат дека ваквата одлука е неправедна и дека е донесена под надворешни влијанија.

​„Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и СДС. Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.