ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да објасни зошто се приближи до ДУИ – дали има скриени мотиви?

„Таравари треба да објасни што стои зад неговото неочекувано однесување. Ваквиот пресврт може да биде резултат на одредени притисоци или под влијание на криминални структури, истите оние кои го „припитомија“ СДС и го претопија во партнерство со мафијата на ДУИ,“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека „Арбен Таравари треба да биде искрен и да признае дека причините кои сега ги наведува за можно излегување од Владата, како наводното занемарување на албанските прашања или застојот во ЕУ интеграциите, се само слабо алиби за неговите постапки под притисок“.

„Арбен Таравари е човек под влијание на нечии интереси, а вистинската причина за тоа можеби се крие во бизнис или други мотиви. Тој ја потврди својата непостојаност како партнер за сериозна политика. На гласачите треба да им објасни како одеднаш ДУИ стана неговата најдобра и единствена опција,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.