Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавите на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е последниот човек што има право да зборува за економија. Според ВМРО-ДПМНЕ, за време на владеењето на СДСМ, Македонија се соочи со „најголемата сиромаштија, најскапата струја и најголемите корупциски афери“.
Партијата тврди дека Филипче и неговиот „ментор“ ја понижиле државата и ја симнале СДСМ на четврта партија, додека тие се занимавале со „политики на јахти“.
Трошоци за луксузен живот
ВМРО-ДПМНЕ објави пресметка на дневните трошоци за возење јахта, со цел, како што велат, да му ги „скратат маките“ на Филипче.
Гориво: 1.800 €
Екипаж: 500 €
Одржување: 250 €
Марина / сидрење: 200 €
Вкупно (без храна и пијалаци): околу 2.750 € на ден.
Со вклучени скапи ручеци и пијалаци, сумата може да достигне и до 6.000–7.000 € дневно, што за десетина дена изнесува над 70.000 евра луксуз.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче да објасни како е можно да се трошат толку пари на јахти, додека народот преживуваше, и го обвини него и лидерот на СДСМ дека се одговорни за сиромаштијата, инфлацијата и разурнатата економија во земјата.