ВМРО-ДПМНЕ шири омраза и паника поради водството на Марјан Даскаловски

Општинската организација на СДСМ Струмица излезе со соопштение во кое ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ за ширење лажни вести, омраза и паника, поради, како што велат, убедливото водство на нивниот кандидат Марјан Даскаловски пред Петар Јанков во релевантните анкети.

​СДСМ Струмица смета дека реториката и нападите на ВМРО-ДПМНЕ се показател на нивната слабост и безидејност.

​„Очигледно е дека во нивниот ‘штаб’ владее паника кога мораат да демантираат нешто што стои пред нив како лист хартија, а тоа се релевантни анкети кои веќе потврдуваат, дека Марјан Даскаловски убедливо води пред Петар Јанков,“ се вели во соопштението.

​СДСМ ги критикуваше изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во стилот „Струмица ќе биде вмровски град“, како и навредите кон администрацијата дека била „неука и необразована“, а сега и кон нивното членство.

​„Кога ќе немаат идеја, реална визија, единственото што им преостанува е да напаѓаат… Додека тие шират омраза и поделби, ние зборуваме за развој, проекти и иднина,“ порачуваат од СДСМ.

​Тие заклучуваат дека граѓаните на Струмица одамна ја препознале разликата и дека 19 октомври ќе биде ден кога Струмица повторно ќе избере сигурност и одговорност, наместо навреди, страв и празни зборови.