ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да започне истрага за прислушувањето

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски го повика Јавното обвинителство (ЈО) и неговиот шеф Љупчо Коцевски веднаш да започнат истрага за, како што го нарече, „скандалозното следење и прислушување“ на претседателот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени.

​Петрушевски нагласи дека ЈО со денови молчи откако се обелодени скандалот. Тој директно го праша Коцевски дали молчи затоа што бил задолжен од ЈО за следење на посебните истражни мерки (ПИ-мерки) и дали бил свесен за целата ситуација.

​Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги „вплеткал службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт“ и пет години следеле сè што сметале дека го загрозува нивниот опстанок. Партијата бара одговорност за извршителите и наредбодавачите во овој случај.