​Во Атина уапсен „голтач“ на кокаин, во телото пренесувал 1 килограм кокаин

Грчката полиција уапси маж од Бразил на меѓународниот аеродром во Атина, откако утврди дека пренесува 100 пакувања кокаин во своето тело. Осомничениот пристигнал со лет од Париз.

​Според грчките медиуми, секое пакување тежело околу 11 грама, а дрогата била со 90% чистота, што вкупно изнесува околу 1 килограм. Станува збор за класичен случај на т.н. „body-packing“, метод на шверц со голтање капсули со дрога.

​Експертите предупредуваат дека овој метод носи огромен здравствен ризик, бидејќи доколку пукне само едно пакување, може да дојде до фатално труење. Полициско-медицинската процедура за вакви случаи вклучува рендгенски преглед и медицински надзор додека сите капсули не излезат од телото под контролирани услови.

​Случајот е предаден на надлежните органи за понатамошна постапка.