Во Дебар Маало откриен мурал посветен на „Бушава азбука“

​Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го откри новиот мурал во Дебар Маало, посветен на култната детска серија „Бушава азбука“.

​Герасимовски истакна дека муралот е потсетник на времето кога се негувала автентичната македонска продукција. Тој нагласи дека Општината континуирано ќе вложува во македонски автори и уметници, со цел да гради сопствен културен бренд.

​Градоначалникот упати благодарност до уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс за нивниот труд.

​Според Герасимовски, муралот е дел од заложбите на општината за разубавување на јавниот простор преку уметност. „Овој мурал нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста“, додаде тој.