Во Земун, Србија, пронајдено новороденче покрај контејнер

Српските медиуми јавуваат дека во раните утрински часови, на улицата Дунавска во Земун, било пронајдено новороденче оставено покрај контејнер.

​Според информациите на „Телеграф“, станува збор за бебе старо само седум дена. Детето било завиткано во пешкир и покажувало знаци на живот кога пристигнала брзата помош.

​Веднаш било пренесено во Клиничката болница Земун, каде што му била укажана медицинска помош. Повеќе детали за случајот не се познати.