Временска прогноза за денес и наредните денови

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот, облачноста ќе се зголеми.

  • ​Минималната температура ќе се движи од 8 до 16°C.
  • ​Максималната температура ќе достигне од 27 до 33°C.

​Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде 14°C, а максималната ќе достигне 33°C.

​Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево време. Единствено во среда се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.

​Во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, што ќе предизвика пад на дневните температури за неколку степени.