Временска прогноза за денес: Сончево и топло, промена на времето од среда

Денес ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

​Минимална температура: од 0° до 10°.

​Максимална температура: од 15° до 23°.

​Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб северен ветер.

​Минимална температура: до 9°.

​Максимална температура: до 21°.

​Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.