Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, при што локално може да достигне брзина над 60 km/h.
Утринската температура во земјава ќе се движи од 4 до 9 степени, додека дневната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Време во Скопје
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 13 степени Целзиусови.