Временска прогноза: Променливо облачно, дожд попладне и обилни врнежи до петок

Денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Попладне се очекуваат локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни.

​Минималната температура ќе се движи од 4 до 14 степени.

​Максималната температура ќе достигне од 15 до 20 степени.

​Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.

​До петок регионот ќе биде под влијание на влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни.

​Вкупно се очекува да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².

​Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.

​Во петок, со натамошно спуштање на студениот воздух, ќе има услови за снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.

​Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.