Според УХМР, утрото ќе биде ведро и посвежо, додека преку денот се очекува претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со утринска температура до 12 и дневна до 33 степени.
До среда ќе се задржи стабилно и топло време. Од четврток попладне се очекува променливо облачно време со локални врнежи, а во петок се можни и грмежи.
Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, особено за време на викендот.