Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 28 до 36 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а минималната температура ќе биде 15, додека максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, а на места и повремено засилен северен ветер.