Вучиќ апелира за дијалог по собирите против блокадите

По собирите што се одржаа низ Србија како одговор на блокадите на патиштата, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека најголема вредност на земјата е нејзиниот народ и затоа е неопходен дијалог.

​На својот профил на социјалните мрежи, Вучиќ напиша: „Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ. И затоа мора да разговараме, да водиме дијалог. Обединети, можеме сѐ“, споделувајќи видео од собирите.

​Собирите се одржаа синоќа низ целата земја, а главната порака беше дека блокадите го нарушуваат секојдневниот живот на граѓаните, кои бараат нормално функционирање.