Герасимовски во Центар и Христовски во Крушево сигурни кандидати на СДСМ за нов мандат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за избор на коалициски партнери и кандидати за градоначалници. Филипче истакна дека сè уште немал средба со Арбен Таравари, но дека е отворен за разговор.

„Доколку партнерот којшто го бараме за локалните избори, како политичка партија е партнер со којшто ќе изградиме прво однос на доверба, понатаму соработка којашто ќе значи остварување на програмата којашто ќе биде дадена на локалните избори и взаемно почитување на политичкиот субјект, тогаш тоа ќе биде начинот на којшто ние ќе ги идентификуваме нашите коалициони партнери“, истакна Филипче.

Тој информираше дека СДСМ веќе има потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција и дека се работи на консолидација на советничките листи.

„Веќе имаме потврдено коалициони партнери во рамки на веќе постојната коалиција за локалните избори работиме на консолидирање на советничките листи, и за двајца градоначалници сме веќе прилично сигурно дека ќе трчаат на локаните избори и тоа се сегашни актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски“, изјави претседател от на СДСМ.

**СДСМ потврди: Герасимовски во Центар и Христовски во Крушево кандидати за градоначалници**

СДСМ веќе ги има своите кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Сегашните градоначалници Горан Герасимовски (Центар) и Томе Христовски (Крушево) ќе бидат носители на партиските листи за нов мандат, објави претседателот Венко Филипче.

Филипче истакна дека партијата активно работи на подготовките за изборите, вклучувајќи консолидација на советничките листи и избор на коалициски партнери. “Веќе имаме потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција”, рече тој, додавајќи дека се отворени за соработка со партнери кои ги исполнуваат критериумите за доверба и заедничка програма.

Иако не спомна конкретни детали за преговорите со ДУИ, Филипче нагласи дека клучен услов за секоја соработка ќе биде почитување на политичкиот субјект и реализација на заедничките цели. Локалните избори се очекуваат да се одржат во октомври 2025 година.

Герасимовски е на чело на Општина Центар од 2021 година, додека Христовски ја води Општина Крушево уште од 2017 година.