И ова утро, жителите на Дебар Маало се разбудија со преполни контејнери и нерасчистен смет. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, обвини дека ЈП „Комунална хигиена“ е на „продолжен викенд“, оставајќи ги центарските улици во хаос.
„Не е првпат нашите служби да реагираат со сопствени ресурси и да го исчистат нередот. Чистотата мора да биде приоритет!“ – истакна Герасимовски, повикувајќи од утре, од 7:00 часот, улиците конечно да бидат чисти.
Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693.
„Центар не чека, Центар чисти!“ – порача тој, додавајќи дека Општина Центар нема да дозволи вакви ситуации да станат секојдневие.