Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, објави дека во неговата визија, животната средина и хигиената остануваат врвен приоритет.
Герасимовски најави дека со цел значително да се зголеми капацитетот за одржување на хигиената во општината, ќе бидат набавени:
- Две современи цистерни.
- Пет нови метларки.
„Нашата визија е општината да биде чиста, здрава и зелена… Со редовна грижа и постојано вложување во модерна опрема, создаваме услови за хигиената да биде на највисоко ниво, каква што заслужуваат нашите центарци“, изјави Герасимовски.
Тој, исто така, потсети дека минатата недела Општината изнајмила дополнителна механизација за да го исчисти сметот од улиците по, како што рече, „потфрлањето на ЈП „Комунална хигиена“ и градот Скопје“. Герасимовски заклучи дека нивна должност е да обезбедат чисти улици и достоинствено урбано живеење.