Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, ја претстави својата нова програма за работа, најавувајќи поставување на три слободни Free Wi-Fi зони на територијата на општината.
Овие нови Wi-Fi зони се предвидени да бидат поставени во:
- Дебар Маало
- Сквер Јадран
- Капиштец
Проектот ќе се реализира во рамки на европскиот проект EU4Digital, со што се прави конкретен чекор кон дигитална и поврзана општина.
„Со поставувањето на овие три слободни Wi-Fi зони им овозможуваме на нашите жители, студенти, млади и туристи подобра поврзаност и полесен пристап до информации“, изјави Герасимовски.
Тој додаде дека ова е дел од неговата визија за модерен, дигитален Центар, каде што технологијата им помага на луѓето и ја подобрува секојдневната комуникација.