Герасимовски: Од дива депонија направивме паркинг во Буњаковец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се пофали со нов проект во населбата Буњаковец. Тој преку видео на социјалните мрежи покажа како поранешна дива депонија и нелегални објекти се претворени во нов паркинг-простор за жителите.

​„Од дива депонија и диво направени објекти, до нов паркинг за жителите на Буњаковец. Еве вака се работи за моите центарци“, напиша Герасимовски, нагласувајќи дека ќе продолжи да ги слуша и реализира барањата на граѓаните.