Герасимовски повикува: „Да го славиме духот на Горан – тој е тука со нас!“

Во недела, на 27 април, Општина Центар ве поканува на посебен културен настан посветен на еден од најголемите македонски умови – драматургот Горан Стефановски. Под мотото „Горан е тука“, заедно ќе го одбележиме неговиот роденден со програма што го слави ликот, делото и вечното присуство на Горан.

„Горан не беше само писател. Тој беше совест, визија, и инспирација за генерации. Да се сетиме кој сме – преку него,“ истакнува градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично ве повикува да бидете дел од ова културно патување.

Настанот ќе го збогатат настапот на музичката група Аудио Скопје, читања на избрани текстови од и за Горан, пантомима, настапи на уметници и актери – пријатели од младоста и сцената. Специјален музички сет ќе приреди и Игор Стефановски, како личен поздрав до својот татко.

Овој април, не го чествуваме само роденденот на Горан – го славиме неговото вечно присуство меѓу нас.

Ве чекаме. Горан е тука. И ние сме тука – заедно, напиша на ФБ градоначалникот на Центар, Герасимовски.