Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, денеска им додели сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои успешно ја завршија обуката на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“.
Герасимовски истакна дека наставниците се луѓето кои со трпение, љубов и голема посветеност секојдневно го обликуваат нашето општество.
„Тие не ги учат младите само да читаат и пишуваат, туку и да бидат чесни, добри и одговорни луѓе. Во време кога младите се соочуваат со многу предизвици, наставникот е тој што знае да ги насочи, да ги мотивира и да им покаже што значи вистинска вредност и морал“, нагласи Герасимовски.
Тој ја опиша средбата како прекрасен гест по повод вчерашниот Светски ден на учителот (5 октомври), истакнувајќи дека Општината ќе продолжи да вложува во образованието, наставниците и учениците.