Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно е реконструирано спортското и детското игралиште во населбата Кале. Жителите сега имаат на располагање современ и безбеден простор за игра, спорт и дружење.
„Изградивме ново фудбалско игралиште, уредивме детско катче, поставивме летниковец и содржини за спорт и рекреација. Целта е јасна – создавање на јавни простори што поттикнуваат активен и квалитетен живот“, истакна Герасимовски.
Тој апелираше до граѓаните да ги чуваат уредените површини, бидејќи, како што рече, тие се наменети за децата и заедницата.
„Во Центар продолжуваме со вложувања што ја прават општината поубава и попријатна за живеење“, додаде градоначалникот.