Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека во тек е целосна реконструкција на фискултурната и свечената сала во основното училиште „Димитар Миладинов“.
Герасимовски истакна дека реконструкцијата опфаќа поставување нов паркет, нова бина и скалила, како и енергетски ефикасно осветлување. Целта на проектот е да се создадат безбедни и квалитетни услови за учениците.
„Инвестираме во подобри училишта затоа што иднината на Центар почнува со среќни и здрави деца“, напиша градоначалникот во својата објава.