По повод 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Општина Центар организираше обука за ракување со противпожарна опрема.
„Обуката за безбедносни процедури и правилна употреба на противпожарни апарати е клучна за заштитата на институциите и вработените. Со навремена реакција и стекнато знаење, спасуваме животи и ја зголемуваме личната одговорност на секој поединец“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Програмата вклучи и теоретски и практични сесии: основи на превенција од пожари, запознавање со различни типови противпожарна опрема и правилни техники на гасење на пожари. Преку симулации и практични вежби, учесниците развија вештини за ефикасно справување со пожари.
Обуката ја спроведе лиценцираната компанија за сервисирање на противпожарна опрема „Пламстоп“.