Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, нагласувајќи дека денешниот ден е потсетник на историската одлука на македонскиот народ да зачекори кон слобода и самостојност.
Во својата објава, Герасимовски истакна дека независноста е вечен аманет од предците и дека е обврска на сегашните генерации да ја чуваат и развиваат татковината.
Според него, во време на предизвици, клучни се сплотеноста, солидарноста и меѓусебното разбирање.
„Само така можеме да изградиме општество во кое ќе владеат доверба, еднаквост и почит, држава во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и сигурно“, напиша Герасимовски.
Тој ги повика граѓаните заеднички да продолжат да го остваруваат сонот за модерна, праведна и европска Македонија.