Фудбалската репрезентација на Германија ги започна квалификациите за Светското првенство во 2026 година со пораз од 2:0 против Словачка во Братислава.
Домаќините поведоа со голот на Давид Ханцко во 42. минута, а конечниот резултат го постави Давид Стрелец во 55. минута.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, не го криеше разочарувањето од играта на неговите избраници. „Бевме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат сè од себе на теренот“, изјави Нагелсман, видно лут по поразот.