Македонскиот репрезентативец Бојан Илиевски ќе биде следното големо засилување за фудбалскиот клуб Вардар. Десниот бек на екипата на Струга Трим Лум ќе ја засили одбраната на Вардар, со цел да се изгради супер тим за претстојната сезона.
Овој трансфер доаѓа само еден ден по промоцијата на Давид Бабунски. Заедно со неодамна ангажираните интернационалци од Уганда, доаѓањето на Илиевски и Бабунски најавува само едно: Вардар атакува на титулата и на сите останати трофеи во сезоната.
Најтрофејниот македонски фудбалски колектив со овие потези јасно покажува дека сака да се врати на врвот на македонскиот фудбал.