ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека поради сериозен дефект на водоводна цевка со дијаметар Ф600 мм на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, дошло до прекин во водоснабдувањето на голем дел од градот.
Останатите делови на Скопје, пак, се соочуваат со намален притисок во водоводната мрежа.
Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинето сè до завршување на работните активности на терен.