Голем пожар го зафати Желино – пожарникарите на терен, огнот брзо се шири

Голем пожар избувна попладнево во Општина Желино, зафаќајќи голема површина од сува вегетација. Поради високите температури и силниот ветер, огнената стихија се прошири со голема брзина, загрозувајќи поширока околина.

На терен се распоредени повеќе противпожарни единици кои се борат со огнот, но гаснењето е отежнато поради непристапниот терен и неповолните временски услови.

Според информациите, во моментов се активни уште шест пожари низ територијата на државата, што дополнително го отежнува ангажманот на сите служби.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не палат огнови на отворено и да пријават каква било опасност веднаш до службите. Ситуацијата се следи со зголемено внимание.